На мини свеченост со почитување на мерките за заштита од Ковид 19 подрачната библиотеката „Искра“ во населбата Оризари ги прогласи најдобрите читатели за 2019 година во категоријата млади и возрасни.
Во категоријата најдобар млад читател признанието и припадна на Кристина Ивановска, додека за најдобар возрасен читател со признание се закити Петре Стаменков.
Најдобрите читатели библиотеката ги избра според определени критериуми, меѓу кои најважни се бројот на прочитани книги како и редовноста на враќање на истите. На најдобрите читатели, на свеченоста им беа додели награди и дипломи.
Прогласувањето на најдобрите се одржа во рамките на одбележувањето на 23 април Светскиот ден на поезијата и авторското право чие одбележување годинава изостана поради пандемијата.
Учениците од ОУ „Крсте Петков Мисирков“ заедно со библиотеката преку работилница го одбележаа и 22 декември денот на раѓањето на основоположникот на македонската современа поезија Кочо Рацин.