На ден 18.01.2021г. се одржа првиот состанок на ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани со новиот претседател Мирче Стојков.
Тој го избра тимот со кој ќе работи следните години.
Формиран е новиот ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани, и како што вели Стојков, ,,основен мотив ќе биде обединувањето и спој на старите вредности со новиот и млад дигитален развој”.
Дел од потесното раководство во новиот ОК се Перо Георгиевски-потпретседател, кој доаѓа од приватниот сектор, и Гоце Марков-потпретседател, досегашен портпарол на партијата, како и освежувањето во партијата, Зоран Ристов.
Игор Голубов ќе биде новиот секретар, додека Ристе Георгиев ќе ги извршува задачите на благајник и сектор економија.
На првиот состанок се дискутираше за Законот за Попис и обидот за негово насилно носење во парламентот, како и за мерките кои се превземаат во таа насока.
Една од точките беше и општата состојба на државата и Кочани, како и безидејноста на власта во справувањето со пандемијата Ковид 19.
Новиот ОК е составен од професионалци во своите области, со висока стручност и искуство, како и со луѓе посветени на животната средина, здравјето, како и стручни кадри од образование, локална самоуправа и приватниот сектор.
Во периодот кој следи ќе продолжи обединувањето и проширувањето на ОК.
Аирлија нека е!
До нови големи победи!
ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани