Почитувани учесници во сообраќајот,
Ве известуваме дека во тек се градежните активности, односно замената на старите сливни решетки на атмосферска канализација на улица „Страшо Ербапче“ на местото каде што се вкрстува со улицата „Роза Петрова“.
Во интерес на безбедно и брзо завршување на патната инфраструктура потребно е почитување на сообраќајната сигнализација, затоа замолуваме за намалена брзина на движење, зголемено внимание и претпазливост на сите учесници во сообраќајот.