Одделението за внатрешни работи Кочани-Полициска станица Кочани ги известува граѓаните дека на 08.05.2021 година (сабота) и 09.05.2021 година (недела) во организација на АК ,,ПЕРФОРМАНС,, Скопје на регионалниот пат Р1-309 на делницата од градската депонија до м.в ,,Пасаџиково,, ќе се одржи авто натпревар на ридски патеки во рамките на ФИС-ЦЕЗ (Централно Европската Зона) и домашниот шампионат на кој ќе настапат поголем број на натпреварувачи.
Заради тоа ги известуваме сите граѓани дека регионалиот пат Р1 309 на делницата од Белска крстосница до СРЦ ,,Пониква,, на 08.05 и 09.05.2021 година во временскиот период од 12.00 до 16.00 часот ќе биде забранет за сообраќај, заради што апелираме до сите оние граѓани кои имаат намера да се движат по наведената делница истото да го направат пред или после горенаведениот период.
Апелираме до сите оние граѓани кои ќе ја следат трката да ги почитуваат наредбите дадени од страна на полициските службеници од ПС Кочани, а воедно заради своја безбедност да бидат на поголеми растојанија од патеката.
СВР – Штип