Известување за изведување градежни работи на дел од улицата „Роза Петрова“

Ве известуваме дека во периодот од 26.04.2022 година до 26.08.2022 година ќе се изведуваат градежни работи на локацијата дел од улица „Роза Петрова“ за реализација на проектот реконструкција на дел од улица „Роза Петрова“, MSIP2-NCB-041-22. Работите ги изведува фирмата Друштво за производство, услуги и трговија увоз-извоз ВЕ-ГРУПА ДООЕЛ Радовиш, а инвеститор е Општина Кочани. Овој проект се реализира со (договорот за под-заем бр.16 од 20.08.2019 година склучен помеѓу Министерството за финансии и Општина Кочани наш бр.03-1768/1 од 20.08.2019 год. и Анекс бр.1 (бр.26-2812/9 од 24.12.2021) средства од Меѓународната банка за обнова и развој Светска банка, преку Проектната единица на Министерство за финансии на Република Северна Македонија и МСИП проектот со цел подобрување на квалитетот на животот на локалното население.

Притоа Ве известуваме дека:

  • Со отпочнување на градежните активности на дел од улица „Роза Петрова“ Ве замолуваме вашите возила да ги паркирате на споредните улици;
  • Пристапот до вашите објекти ќе биде непречен, меѓутоа Ве замолуваме за големо внимание, бидејќи на терен ќе има градежни активности;
  • Како родители да ги известите вашите деца за големо внимание каде минуваат или вие да ги спроведувате додека се изведуваат градежните активности;
  • Деловните објекти кои гравитираат на тој дел од улицата да се приспособат на дотур на роба пред или по градежните активности.

Ве молиме за разбирање и соодветно прилагодување од Ваша страна за потребите на брзо и навремено спроведување на градежните работи.

За дополнителни информации/прашања, обратете се кај Драги Илијевски 072/275-633, вработен во Општина Кочани.



Сподели: