Известување за правни субјекти

Се известуваат корисниците правни лица дека заради ажурирање на базата на податоцина КЈП,,Водовод,, Кочани во рамките на проектот Пречиситителна станица финансиран од Владата на Швајцарска конфедерација и точно фактурирање на услугите спрема Вас како наши корисници на услуги, потребно е да се направи контрола на лице место за утврдувањена фактичката состојба и тоа за следниве околности:

– потрошена вода по водомер ;

-услуга смет за деловна станбена површина;

– услуга смет за деловна дворна површина;

-услуга канализација ;

-прочистување на отпадна вода;

-користење на сопствен извор-бунар;-дали имате склучено договор за комунални услуги;

За таа цел, комисија составена од лица вработени во КЈП,,Водовод,,Кочани почнувајќи од 01.06.2020 година ќе изврши контрола.

За денот на контрола потребно е да обезбедите овластен претставник од Вашето правно лице во чие присуство ќе биде составен и потпишан записник од извршената контрола.

Доколку се јави потреба од презентирање на потребни документи ( Имотен лист или Договор за закуп) истите потребно е да бидат приложени наувид.

За успешно и побрзо ажурирање на податоците се надеваме на наша заедничка соработка.

Со почит, КЈП,,Водовод,,Кочани

Сподели: