Известување од Адвокат Иван Лефков од Кочани во врска со случајот ,,Кривична пријава против ПЕЈПАР МИЛ ДОО Кочани,,

Поголем  број на  граѓани ,здруженија и медиуми деновиве побараа од мене иформации во врска со предметот – Кривична пријава против ПЕЈПАР МИЛ ДОО Кочани,од кој причини сметам за потребно да ве известам за следново :

   На ден 03.07.2020 година од моја страна по овластување на Група граѓани и ЗДРУЖЕНИЕ ГРИН-ОРГ-КО КОЧАНИ до Основното Јавно Обвинителство – Кочани беше поднесена кривична пријава против ПЕЈПАР МИЛ ДОО Кочани и управителот, за сторено кривично дело ,,Загадување на животната средина и природата,,   од Член 218 став 1 и 2  од КЗ.

            Со кривичната пријава се посочува дека  пријавените , подолг временски период преку котларницата која се наоѓа на адреса каде што е сместено седиштето на прво пријавениот – Пејпар Мил ,  го  загадуваат воздухот со јаглероден моноксид над дозволените граници спротивно на  Правилникот за граничните вредности за дозволените нивоа на емисии и видови на загадувачки (службен весник на РМ, бр. 141 од 25.10.2010 год.)

            Од страна на ОЈО Кочани се постапува по кривичната пријава и постапката е во фаза на обвинителска истрага.Истакнувам дека од моја страна е побарано од ОЈО Кочани да  при постапувањето по поднсената кривична пријава особено  го земе во предвид тоа  дека само со  изрекување на казна затвор или условната осуда за управителот ќе биде постигната целта на казнувањето и тоа како  специјалната превенција-влијание на сторителот во иднина да престане со загадуваето а ке биде одбранет и правниот поредок- генерална превенција со што ќе се влијае до сите останати субјекти  кој ја загадуваат животната средина да престанат тоа да го прават во иднина.

            Ова го потенцирав поради фактот дека пред извесен период на пријавениот иако му беше изречена парична казна за прекршок  од неколку илјади евра од страна на ДИЖС, пријавениот го зголеми дотолку производството а со тоа и загадуваето како би го зголемил профитот за да ја исплати паричната казна.Од тука сосема логично е дека пријавениот истото тоа во континуитет би го правел и во иднина доколку му се изрекуваат парични казни,а кое е во сосема спротивност со целта на казнувањето.

            Ве известувам дека многу скоро се очекува разрешница на случајот  со  процесирање на обвинението до судот, кое го предлагаме со кривичната пријава.

            Со почит!

            Адвокат Иван Лефков .

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial