Известување од Библиотека „Искра“


Почитувани,
Дозволете да Ве информираме дека поради воведување на вонредната состојба во нашата држава, ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани го одложува реализирањето на програмата – „Славење на Меѓународниот ден на литературата за деца, Другарувањето со книгите ни е песна – Фестивал на децата, книгите и музиката“, проект од национален интерес во културата и дел од Годишната програма на Министерството за култура за 2020 година, којшто беше планиран за ден 2 април 2020 година.

Веруваме дека реализацијата на проект-програмата, во соработка со сите наши учесници, соработници и поддржувачи, ќе биде остварена во близок временски период, кога препораките за реализација на истата ќе го дозволат истото.

Јавната општинска установа библиотека „Искра“ – Кочани, како институција со културен, информативен и едукативен карактер продолжува во делот на промовирање и иницирање на култура на позитивен однос кон книгата и придобивките од читањето и информираноста кон сите членови на нашата заедница.

Сопочит,

    Координатор на програмата            
Виш Библиотекар                 

Магдалена Кочовска Салтирова ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани,
Директор
Коце Стојменов

Сподели: