Известување: Полицијата со вежбовни активности на Пониква, посетителите да не се вознемируваат

Денес 17.02  (среда) и утре  18.02 (четврток) 2021 година на Пониква, од страна на полициски сили на Министерството за внатрешни работи на Р. С. Македонија ќе се спроведуваат вежбовни активности, при што ќе има детонации и распрскувачки и светлосни ефекти.

Ги известуваме граѓаните за оваа активност со цел да не се предизвика паника и вознемиреност.

ОВР – Кочани

Сподели: