Известување: Поради градежни активности, десниот коловоз на дел од „Тодосија Паунов“ се користи за сообраќај во двата правца

Деновиве, поради тековните градежни активности на кружниот тек кај Автобуската станица и почетокот на реконструкцијата на улицата „Тодосија Паунов“ се применува времен режим на сообраќајот.

Десниот коловоз на „Тодосија Паунов“ на потегот од кружниот тек кај Шумското стопанство до Стопански двор на „Водостопанство“ се користи за сообраќај во двата правца.

Одговорните апелираат учесниците во сообраќајот да бидат внимателни при движењето и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

Сподели: