Извештај за состојбата со коронавирусот во изминатото деноноќие

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 47 оздравени пациенти во: Скопје-9, Куманово-9, Прилеп-8, Тетово-13, Охрид-1, Гостивар-5, Кочани-1 и Крива Паланка-1.

Регистриран е и еден смртен случај, за кој веќе објавивме. Станува збор за познатиот музичар и ТВ водител, Драган Вучиќ, кој почина на 65-годишна возраст откако пред 8 дена бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести. Со тоа бројката на починати од ковид-19 во Македонија сега изнесува 85.

Во изминатите 24 часа направени се 113 тестирања, а потврдени се 7 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-1, Прилеп-1, Тетово-4 и Кратово-1.

Согласно ова, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1 518, бројката на оздравени пациенти е 992, на починати е 85, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 441. Последната дистрибуција по градови е следна:

Скопје – 512
Куманово – 401
Дебар – 51
Штип-34
Прилеп –159
Тетово – 90
Струга – 67
Велес – 77
Битола –19
Охрид –15
Кавадарци – 5
Гостивар –17
Гевгелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-5
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 31
Пробиштип – 2
Кичево – 2
Неготино -9 (*7 заболени лица се жители на Демир Капија)
Демир Хисар – 1
Македонски Брод -2
Пехчево- 2
Делчево-1
Валандово -1
Виница – 2
Кратово-1

Направените се 113 теста се преку: ИЈЗ –108, Ветеринарен ф-тет -0 , Авицена –0, Биотек -0, Филип Втори (Жан Митрев) –0, Систина со PCR метода -0 и МАНУ -5. Досега во земјата се направени вкупно 17359 тестирања на ковид -19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 2 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 41. На кислородна поддршка е 21 пациент, а на механичка вентилација 1.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 3 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 24. На респираторна машина се 5 пациенти, а уште 3 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 4, а уште 4 се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Гостивар и Тетово се хоспитализирани 46 позитивни и суспектни на ковид-19.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial