Денес, 27 април, се навршуваат 118 години од загинувањето на македонскиот револуционер и прв Претседател на Крушевската Република, Никола Карев. По тој повод во м.в. Свиланово близу селото Рајчани се одржа кратка манифестација со која му се оддаде почит на ликот и делото на овој голем македонски син.
На споменикот на Карев најпрвин положи цвеќе градоначалникот на општина Кочани, Љупчо Папазов со делегација од општината. Потоа на ист начин својата почит ја иразија и делегации од ООУ „Никола Карев“, ИО „Ластовица“ од Кочани и претставници на Сојузот на борците. Потоа, краток осврт за делувањето и последната битка на Карев даде професорот Сашко Стефановски, а свое обраќање имаше и директорот на училиштето Александар Андов.
Најголемо внимание на настанот привлекоа триесеттина членови на секцијата Географски Видик од ООУ „Никола Карев“ кои со своите обележја се редовни посетители на ова историско место.
ИО „Ластовица“