Младиот и перспективен писател Божидар Митев деновиве ја промовираше својата прва книга „Изворот на мојата душа“, македонска современа поезија.
Делото е составено од дваесетина песни со љубовна тематика, преку кои авторот пишува за изгубената љубов „таа“. Книгата ја спремал три месеци, а изрази голема благодарност до Билјард клуб „Делукс“, Бутик „Fiorri“ и Coffee House кои помогнале во печатењето.
Цената на книгата е 100 денари. Граѓаните можат да ја купат од штандот поставен пред НУЦК „Бели мугри“
Божидар Митев е ученик во втора година во СОУ „Љупчо Сантов“ , а од скоро е член и на литературниот клуб „Копнеж“.
И.Матеничарски
