Во пожар, кој избувнал околу 03 ч. по полноќ, изгорел балкон од стан на третиот кат од зграда на улицата „Маршал Тито“, над филијалата на „Охридска“ банка во Кочани.
Во пожарот освен причинета материјална штета нема повредени лица.
Од Територијалната противпожарна единица Кочани, информираат дека пожарот бил пријавен утринава во 03:01 , од страна на дежурен реонски полицаец.
На лице место веднаш се упатиле три противпожарни возила со 4 пожарникари, при што за околу 10 минути пожарот бил ликвидиран.
Во станот се наоѓале две лица, мајка и дете кои со останатите станари од зградата безбедно биле евакуирани. Опожарени се масичка и столови, тенда, ролетни од влезната врата , а штета имало и на возилата што се наоѓале паркирани веднаш под опожарениот балкон. За среќа внатрешноста на станот не била зафатена од пожарот, пред се поради брзата интервенција на пожарникарите.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС-Кочани, а се претпоставува дека пожарот настанал поради неисправен електричен кабел.
И.Матеничарски