Изградбата на кружниот тек во Стришани е во завршна фаза

Во завршни фази е изградбата на новиот кружен тек на улицата „Димитар Влахов“ кај Стришанска чешма со поставување на потребната сообраќајна сигнализација.

Во склоп на градежните активности за изградба на новиот кружен тек извршен е ископ и тампонирање, гребење на асфалтот, асфалтирање и поставување на улични рабници. Уредена е и пешачката површина со бекатон плочки. Во текот на денешниот ден се поставуваат сообраќајни знаци.

Со изградбата на новиот кружен тек се решава сообраќајниот метеж на раскрсницата.

Изведувач на работите е фирмата „Ленди Груп“.

Сподели: