Заврши изградбата на мостот на Бела Река, на два километра до селото Небојани.
Мостот е долг 11 м, широк 2,5 м, со челична конструкција, наменет за пешаци и лесни возила. Новиот градежен објект претставува значајно олеснување на сообраќајната комуникација за жителите коишто гравитираат во овој осоговски предел.
Металната конструкција и оградата се донација од печатницата „Европа 92“, а бетонскиот дел е реализиран со средства од Општина Кочани.
Изведувачи на работите се фирмите „Калина“ и „Тонко“.
Општина Кочани