Излезе од печат делото „Изворот на стихови“ од Оливер Стефанов

Деновиве излезе од печат делото поезија „Изворот на стихови“ од младиот и талентиран автор, седумнаесетгодишниот Оливер Стефанов од Кочани.

Ова е негово прво дело поезија составено од дваесет и осум песни.  Книгата разработува три тематики, за природата, љубовта и татковината.  Младиот автор инспирацијата ја црпи од случки и настани од секојдневното живеење кои ги става на хартија.

Книгата е печатена во печатницата „Мастер принт“, а љубителите на пишаниот збор можат да ја набават по цена од 120 денари, во книжарницата „Литера М“ во Трговскиот центар или во библиотека „Искра“.

И.Матеничарски

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial