Деновиве излезе од печат книгата „Светот учеше од нас“ на кочанецот Борис Серафимов.
Делото е составено од 40 написи – коментари за општествените случувања во Кочани и Македонија, кои авторот како новинар ги има објавено во дневните весници „Нова Македонија“, „Вечер“ и „Дневник“ во периодот од 1990 година до 2006 година.
-Деновиве излезе од печат книгата „Светот учеше од нас“. Моја желба беше целиот материјал кој го имам објавено во страниците на македонскиот печат да биде ставен на хартија и со тоа да оставам траен белег за одредени општествени настани и случувања за идните генерации. Книгата се состои од 40 написи – коментари објавени во дневните весници „Нова Македонија“, „Вечер“ и „Дневник“ напишани за случувања и проблеми во периодот од осамостојувањето на Македонија па до 2006 година, истакна Борис Серафимов, автор на книгата и поранешен новинар.
Книгата се состои од автентични написи аргументирани со претходна фактографска обработка на настаните и случувањата во државата.
Книгата е печатена во печатницата „Милениум 02“ со поддршка на Општина Кочани.
Делото од наредната недела ќе биде достапно за читателите во библиотеката „Искра“ во Кочани и училишните библиотеки во средните училишта во општината.
И. Матеничарски
Фото: А. Арсов