Вкупно 9602 гласачи го оствариле своето избирачко право во Кочани до 13 ч., односно 29,16 отсто од избирачите, информираат од Државната изборна комисија.
За разлика од првиот круг на Локалните избори, во Кочани забележано е зголемување на излезноста до 13 ч. со оглед дека во првиот круг до 13ч. гласаа 7.379 (22,41 %), додека во вториот круг 9602 избирачи, односно 29,16 отсто од гласачите што е за 6,75 % поголема излезност за разлика од првиот круг.
Во општина Кочани се запишани вкупно 32.926 гласачи и 63 избирачки места, но тие ќе гласаат на 60 локации, со оглед што на три места се запишани помалку од десет избирачи кои правото на глас го остваруваат во соседното најблиско избирачко место.
И. Матеничарски
Фото: A. Арсов