Излезноста на гласачите до 17 ч. на Локалните избори во Кочани е 39,63 отсто. Според информациите од Државната изборна комисија во Кочани на гласање до 17 ч. излегле 13.050 гласачи.
Во Кочани се гласа на 63 избирачки места, односно на 60 локаци, а во избирачкиот список запишани се 32.972.
Во текот на изборниот ден, Обвинителството во Кочани во координација со ОВР-Кочани постапуваат по регистрирани нерегуларности и прекршувања на избирачките права.
На одредени избирачки места во текот на изборниот ден регистрирани се задржувања при гласањето поради проблеми со системот за биометриска идентификација на гласачите (отпечаток од прст), што е новина на овие избори.
По завршување на гласањето интернет-порталот „Гласно“ последователно ќе ги објавува неофицијалните резултати од гласањето.
И. Матеничарски
Фото: А. Арсов