Излезноста во кочанско до 10 часот е 5,5 отсто

На избирачките места во кочанскиот регион, три часа по почетокот на гласањето, излезноста за предвремените парламентарни избори изнесува околу 5,5 отсто.

Според податоците од Општинската изборна комисија, во Кочани до 10 часот гласале 1.418, односно 4,34 отсто граѓани. Инаку, запишани се 32.649 гласачи кои своето право на глас го остваруваат на 63 избирачки места.

Во општина Виница од запишаните 17.161, до 10 часот на 33 избирачки места гласале 5,62 отсто, а во Чешиново-Облешево има 13 места за гласање со вкупно 5.392 гласачи при што излезноста е 6,4 отсто. Во Зрновци има четири избирачки места, а на гласачкиот список се запишани 2.551 граѓанин од кои досега гласале 5,8 отсто.

Општинските изборни комисии во четирите општини информираа дека сите избирачки места биле отворени навреме и гласањето се одвива без проблеми.

Сподели: