Излезноста до 15 ч. во Кочани е 32,30 отсто, досега гласале 10.470 избирачи

Осум часа по отворањето на избирачките места во Кочани излезноста за првиот круг од претседателските избори е 32,30 отсто, односно правото на глас до 15 ч. го искористиле 10.740 граѓани.

Во општина Кочани на избирачки список запишани вкупно 32.481 гласач.

Се гласа на 63 избирачки места, односно на 59 локации со оглед што на четири места се запишани помалку од десет избирачи кои правото на глас го остваруваат во соседното најблиско избирачко место.

Следниот пресек на излезноста според податоците на ДИК е во 17 ч.

И. Матеничарски

Сподели: