Изложба „Подари цртеж во замена за цвеќе“ на учениците од Училиштето за цртање и сликање при „Бели Мугри“

Пред платото на Центарот за култура „Бели Мугри“ во Кочани попладнево беше отворен изложбата на дела со наслов „Подари цртеж во замена за цвеќе“ на учениците од Училиштето за цртање и сликање при националната установа.

Изложбата е традиционален осмомартовски настан на училиштето преку кој се чествува и се изразува почит на припадничките на понежниот пол по повод Меѓунардониот ден на жената  8 ми Март.

– „Подари цртеж во замена за цвеќе“ е ликовна изложба што НУЦК „Бели Мугри“ и Улилиштето за цртање и сликање го реализираат секоја година чествувајки го празникот на жената, 8 ми Март.Преку цртежот со тематика цвеќе или мртва природа сакаме да искажеме дека и преку ликовната уметност можеме да празнуваме и искажеме почит кон жените, мајките, бабите и сите припаднички на понежниот пол. На изложбата се прикажани 32 уметнички дела работени во најразлични техники, пред се акварел, истакна М-р Александра Димитрова,  раководител на Училиштето за цртање и сликање.

Со изложбата „Подари цртеж во замена за цвеќе“ е отворена годинашнава програма од ликовно – галериската дејност на националната установа.

И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

Сподели: