Изложба на дела од ликовната колонија „Лазар Софијанов“ Кратово

Во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани денес беше отворена изложбата на дела од 26 Меѓународна детска ликовна колонија „Лазар Софијанов“.

Голем број љубителите на уметноста имаа можност да ги разгледаат уметничките дела на кои се прикажани мотиви од  староградската архитектура, кулите, мостовите и карактерстични градби на градот Кратово.

Меѓу делата се најдоа и цртежите на младите кочанци Маја Василова и Димитар Арсов, учесници на  младинската колонија што се одржа во месец јуни, минатата година во Кратово.

За колонијата и изработените дела зборуваше и Александра Димитрова – Раководител на визуелна уметност при Центарот за култура „Бели мугри“.

На изложбата присуствуваа  уметници од повеќе градови од Македонија, а истата ќе биде отворена до 06 февруари.

И.Матеничарски

Сподели: