Во изложбениот салон Фоаје 2 на Националната установа – Центар за култура „Бели мугри“ – Кочани, на 13.12.2019 година (петок) со почеток од 12:30 часот ќе биде отворена изложбата на дела од Меѓународната ликовна колонија „Карпино 2019“.
На изложбата од колонијата публиката ќе може да ги види делата на: Новак Новаковиќ-“Мајка Божја”, Мики Трендафиловски-“Во име на Карпино”, Христина Стојчевска-“Карпински манастир”, Светозар Тасиќ-“Камени кукли”, Томе Мишев-“Идилична приказна”, Александар Радовиќ-“Мистика”, Анита Моноскалко-“Лејди”, Дејан Божиновски-“Женственост”, Наташа Радосављевиќ Нара-“Поетика”, Марина Радуловиќ-“Детал од пејзаж”, Владимир Темков-“Игра”, Леа Чеч-“Драж”, Александар Таневски-“Универзум”, Валентина Илијевска-“За Карпино”.
Оваа година учество имат земено 15 уметници од Италија, Хрватска, Црна Гора, Србија и уметници од домашната сцена, кои имаат изработено 40 дела. Уметниците имаат работено во техника акрил и масло на платно, како и комбинирана техника.
Оваа изложба е организирана од страна на Мултимедијалниот центар „Карпино“ и Општината Куманово, во соработка со Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.
