Во салон Фоаје 2 на Центарот за култура „Бели Мугри“ денеска беше отворена изложбата на дела од 37. Меѓународна ликовна колонија „Св. Јоаким Осоговски“ 2023 год.
Колонијата е дел од проектот „Промовирање изложби“ 2023 год, поодджан од Министерството за култура на Република Македонија.
– На изложбата се поставени 22 дела од 13 автори од пет држави и истите се работени со различни стилски ракописи, во различни техники,при што доминира акрилот и маслото платно, истакна Александра Димитрова –стручен соработник за визуелни уметности, архитектура и дизајн.
За колонијата свое обраќање имаше Јордан Михајловски – координатор и еден од основачите на колонијата. Тој истакна најпрвин дека е многу горд што изложбата е поставена во Кочани кој го смета за еден од поголемите градови на културата.
Колонијата годинава се одржа во периодот од 20-27 јуни во манастирскиот комплекс „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка а на истата твореа 13 ликовни уметници од Македонија, Турција, Словенија, Полска и Бугарија.
И. Матеничарски
Фото: „Комарец“