Почитувани,
Националната установа- Центар за култура “Бели мугри” – Кочани во делот на проектот превземање на изложби ја реализира изложбата со поставка на дела од “ МЕЃУНАРОДНАТА РАДОВИШКА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА ОД 2024 ГОДИНА”
Ве покануваме да ги проследите делата од истаата
в четврток,
18 ЈУЛИ 2024 ГОДИНА
ВО 19:00ч.
Салон фоаје 1
Проектот е дел од годишната програма на установата за 2024 година со целосна финансиска поддршка од Министерството за култура на Р.С. Македонија.
Традиционалната Радовишка ликовна колонија и оваа 2024 година е со меѓународен карактер, а годинава се има одржано во периодот од 10- 15 јуни за прв пат во Музејот на љубовта и уметноста во Радовиш. Уметниците имаа можност да работат во одлични услови и прекрасна атмосфера и на истата учество имаат земено 16 ликовни уметници и тоа од Бугарија, Турција како и од нашата земја Македонија.
Делата се изработени во различни техники како: акрилна техника, маслена техника, акварел и комбинирана техника. Уметниците за време на ликовната колонија имаа создадено 33 дела различни по стил,различни по својата индивидуалност и реализација, но под едно обединување со творење до другарување.