Изложба на дела од 18. Меѓународна ликовна колонија „Ѓуриште“ 2023

Во Фоаје 1 на НУЦК „Бели Мугри“ – Кочани беше отворена изложбата на дела од 18. издание на Меѓународната ликовна колонија „Ѓуриште “ 2023 .

Годинешната 18-та Меѓународна ликовна колонија „Ѓуриште 2023“ се одржа во периодот од 07 до 12 август во Свети Николе. На колонијата  учествуваа 10 уметници од Р. Србија, Р. Црна Гора, Р.Литванија како и од Македонија.

Уметничките дела се работени во акрилна техника.

Изложените дела се различни по стил, различни по својата индивидуалност и реализација, но под едно обединување со творење до другарување.

Поставувањето на изложбата е дел од годинешната програма на НУЦК „Бели Муги“ и ќе биде отворена за посетителите во наредните две седмици.

И. Матеничарски

Сподели: