Изложба на рачни изработки и цртежи по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост во Виница

Половина година од отварањето, социјалниот клуб за лица со интелектуална попреченост ја отвори и првата изложба на рачни изработки и цртежи како прво официјално чествување на Меѓународниот ден на лицата со попреченост -3 декември.

 “- Големо ми е задоволството што денес сме во Виница да го одбележиме Медѓународниот ден во нашиот Социјален клуб, прекрасно место за дружба и социјализација на лицата со интелектуална попреченост. Долги години го чекавме овој социјален клуб и конечно со голема подршка од градоначалникот и Советот го отворивме . Ваквите сервисни служби се големо олеснување за целото семејство“, рече Василка Димовска, генерален секретар на РЦПЛИП Порака
Клубот е отворен по два до три пати во неделата и организира дневни активности за лицата со попреченост се во насока на подобрување на нивниот социјален живот, како и развивање на нивните вештини.

Во насока на достојно искажување благодарност за подршката од институциите и бизнис секторот, денес беа врачени и Плакети и благодарници за сите кои помогнаа да се стартува со опремување и функционирање на овој клуб.

Сподели: