Измамена 71 годишна жена, и земал 200 евра за дрва и исчезнал

Вчера во 10.40 часот во Полициската станица Кочани, 71 – годишна жена пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 12.000 денари.

Според пријавеното, на 16.09.2022 околу 16.00 часот лицето дошло во  нејзиниот двор и ѝ понудило огревни дрва. Како што е пријавено, откако се договориле, таа му дала 12.000 денари, а  лицето заминало и не се вратило со дрвата, по што сфатила дека била измамена. Се работи на расчистување на случајот, велат од МВР

Сподели: