На 30.03.2022 во 13.00 часот во Полициската станица Кочани, 76 – годишен маж од Кочани пријавил дека бил измамен од Ф.С. од Кочани. Според пријавеното, во периодот од ноември 2021 досега, Ф.С. во три наврати го довел во заблуда дека ќе му помогне околу судски спор, а како надомест пријавителот му дал 75.000 денари.
Но, како што е пријавено, ниту му завршил работа, ниту му ги вратил парите, по што сфатил дека е измамен. Се работи на расчистување на случајот.
Дневен билтен на МВР