Измена на локациите на 13 избирачки места во Кочани

Подрачното одделение на Државната изборна комисија информира дека се изменети локациите на 13 избирачки места во Општина Кочани.

Измената се должи заради обезбедување на подобри просторни услови согласно протоколот за заштита од КОВИД-19.

Од избирачките места со поголем број запишани гласачи промени има на гласачките места 0838 и 0838/1 што претходно се наоѓаа во приватни објекти на улиците „Бел камен“ и „Страшо Ербапче“, а сега се преместени во просториите кочанската гимназија „Љупчо Сантов“. 

Граѓаните кои досега гласаа во ДГ„Павлина Велјанова“ (клонот кај „Руен“ ) овој изборен циклус своето избирачко право ќе го остварат во средното стручно училиште „Гошо Викентиев“ на гласачките места 0861 и 0861/1.

Промена на локацијата е извршена и на избирачкото место 0841 кое беше лоцирано во просториите на Црвениот крст, а овој изборен циклус е преместено во ОУ„Раде Кратовче.

Воедно гласањето за Предвремените парламентарни избори 2020 започна вчера, со гласање на лицата во самоизоилација и коронавирус, а денес право на глас имаат болните и изнемоштени лица.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial