Поради градежни работи, левиот коловоз од булеварoт „Тодосија Паунов“, на потегот од Кружниот тек кај Автобуската станица до кружниот тек кај Полицијата, следните денови ќе биде затворен за сообраќај, а на десниот коловоз од овој потег сообраќајот ќе се одвива во двата правца.
Се повикуваат учесниците во сообраќајот да ги почитуваат измените на режимот на сообраќај и поставената сообраќајна сигнализација. Возачите да бидат стрпливи, со зголемено внимание кон пешаците и при паркирањето на своите возила.