Изречени 48 санкции за непропоисно паркирање на територија на Кочани

Денеска (18.10.2022) во периодот од 11.00 до 15.00 часот на територијата на Кочани спроведена e зајакната контрола за санкционирање на возачи кои непрописно ги паркираат возилата, при што санционирани се 48 возачи. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.


Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Сподели: