Почитувани,
Денес се одржа 40-тата седница на Совет, на која Советот ги разгледа и ги усвои сите точки од дневниот ред.
Со цел непречено да се реализира проектот за регулација на дел од Кочанска Река, Советот го изгласа планот за дополнување на годишниот план за јавни набавки, како и изменување и дополнување на планот на програма за развој на Општина Кочани.
Исто така, Советот ја изгласа и одлуката за користење на финанскиски средства од постојаните резерви во буџетот на Оптина Кочани, поради справување со последиците од елементарни непогоди, епидемии и еколошки катастрофи.
Врз основа на уредбата со законска сила, донесена од Влада на Република Северна Македонија, за примена на законот за комунална такса за време на вонредна состојба, Советот ја изгласа одлуката за ослободување од плаќање комунална такса за користење на простор пред деловните простории за вршење на дејност за подрачјето на Општина Кочани за време на вонредна состојба како и одлуката за утврдување на висината на комунална такса за подрачјето на Општина Кочани која гласи – за користење на простор пред деловни простории за вршење на дејност, од влегувањето на сила на оваа одлука до 31.12.2020 година ќе изнесува 5 денари од метар квадратен.
На крајот, сакаме да упатиме апел до сите граѓани – да се грижат за јавното здравје и да се однесуваат совесно и одговорно, да ги почитуваат сите мерки дадени од Влада на Република Северна Македонија затоа што само така ќе допринесат за побрзо справување со пандемијата.
Ви благодариме,Советничка група на СДСМ и Коалицијата
Гордана Антова, Координатор на советничка група на СДСМ и Коалицијата во Совет на Општина Кочани