„Икигаи“ – изложба на дела на Блашка Миева

Во фоајето на Центарот за култура „Бели мугри“ денеска беше отворена изложбата „Икигаи“, на авторката Блашка Миева од Скопје.

Станува збор за самостојна изложба  на 14 дела работени со две ликовни техники, акварел и акрил.

-Ова е прво мое излагање во Кочани. Изложувам 14 слики работени во техниката акрил акварел кои  се истражувања од двете техники симултано. Делата се работени од инспирација на темата „Икигаи“ што е всушност јапонски концепт што ја подразбира смислата на животот. Драго ми е што денеска сум во Кочани и се заблагодарувам на Центарот за култура „Бели мугри“ за соработката, истакна авторката Блашка Миева.

Изложбата  е во рамки на годишната програма на НУЦК „Бели мугри” – Кочани ,финансирана од Министерство за култура на Република Македонија.

Сподели: