Илиева и Лазарова со Концерт на пијано и флејта во Кочани

Синоќа, во салата на Мултикултурниот центар во Кочани музичките уметници Деспина Илиева и Тамара Лазарова одржаа концерт на пијано и флејта.
На програмата се најдоа дела од Коларовски, Зографски, Мартину, Лист, Прокопиев и Прокофјев, со изведби во кои Илиева и Лазарова ги покажаа своите умешности и таленти.

Илијева е дипломиран пијанист, магистранд на Факултетот за музика и применета уметност во Грац, Република Австрија, во класата на проф. Петер Јожа, а Лазарова е апсолвент на Одделот по флејта на Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, во класата на проф. Златка Митева. Двете уметници се од Кочани, каде го завршија и основното музичко образование.Во текот на школувањето се здобија со многубројни меѓународни награди и признанија.

Концертот во Кочани се одржа со редуциран број публика, согласно протоколите за организација на културни настани во здравствена криза.

Сподели: