Илијев се огласи на фејсбук: Вградив четири години од животот во дела кои ќе сведочат за една современа визија и пристап на проблемите

Градоначалникот на Општина Кочани во заминување Николчо Илијев, преку фејсбук објава на својот официјален профил соопшти дека му завршува мандатот како градоначалник на Кочани, при што се заблагодари за поддршката и довербата од граѓаните, а воедно упати честитки до новоизбраниот градоначалник на Кочани.

„Почитувани,

Државната изборна комисија ги објави официјалните резултати за Кочани од Локалните избори – 2021, со што го завршувам мандатот како градоначалник.

На оваа функција пристигнав тивко, се посветив максимално и вградив четири години од животот во дела кои ќе сведочат за една современа визија и отворен пристап во решавање на проблемите. Токму затоа не се чувствувам поразен!
Заминувам уште потивко, со огромно задоволство, од таму од каде што дојдов, таму каде што припаѓам.

На сите ви благодарам за поддршката и довербата.

До новиот градоначалник упатувам искрени честитки и најубави желби за големи успеси“, напиша Илијев.

Сподели: