Иновативни веб-алатки тема на работилницата во рамки на проектот „Фузија“ чиј учесник е СОУ „Љупчо Сантов“

Во периодот од 19 до 25 Септември претставници од СОУ “Љупчо Сантов” присуствуваа на третиот состанок и воедно на третата обука во Јарапетра, Крит-Грција во рамките на проектот “ФУЗИЈА” финансиран од програмата Еразмус+. На состанокот присуствуваа директори и наставници од сите проектни партнери и тоа од Унгарија, Франција, Шпанија, Турција, Македонија како и од земјата домаќин Грција.

Пред почетокот на пандемијата се одржаа два состанока и обуки во Турција и во Македонија. Спречени да продолжиме со активностите од пандемијата предизвикана од вирусот КОВИД-19, проектот беше паузиран и продолжен за една година.
По година и пол пауза сега можеме да продолжиме со активностите и со реализирање на проектните цели.

На обуката во Грција се работеше на иновативни веб алатки во образованието. Наставниците имаа можност да научат како да ги користат алатките Prezi, Emaze и Genially за изработка на презентации, Edevo teacher, Lucky cage и Decision roulette за изработка на прашалници, Quizalize и Hotpotatoes за квизови и Madmagz за списанија. За време на обуката наставниците имаа можност да научат како да го користат Arduinо. Имаа едноставна задача да програмираат код во Tinkercad. Наставниците имаа и час по роботика во Edurobots Educational Robotics – Christina Lampraki. Ова беше и можност да се запознаат со целокупниот образовен систем на Грција и како иситиот се реализира во училиштето.

Како важен дел од мобилност е и посетата на културно-историски локалитети и знаменитости , па го посетија градот Агиос Николаос, Ситија, црквата Мони Топлоу, градот Хераклион каде имаа посета на археолошкиот локалитет стар 3000 години п.н.е., Кносос, како ина Археолошкииот Музеј (со кој започнува секој учебник по Уметност), Венецијанските ѕидини на Хераклион… Овие активности беа со цел подобро запознавање и развивање на соработка помеѓу партнерите во проектот.
Наставниците-координатори имаа состанок на кој разговараа за следните мобилности и активности.

Претставници и учесници од нашето училиште на оваа обука во Крит, Грција беа: директорот на училиштето – Игор Христов, Лидија Коцева – координатор на проектот, Благица Андова Николова – наставник по ликовна уметност и Ангелчо Колев – наставник по спорт и спортски активности.

Соопштение на СОУ „Љупчо Сантов“

Сподели: