Државниот инспекторат за животна средина нареди фабриката „Пејпар Мил“ од Кочани да работи на плин. По мерењата на емисиите од 30 декември 2020 година, повторно е утврдено надминување на граничните вредности.
„На 5 јануари ‘Пејпар Мил’ доби наредба да престане да го користи котелот на пелети и да премине на плин. Инсталацијата ќе работи на плин се додека не се постигнат законски утврдените гранични вредности.
Државниот инспекторат за животна средина инсистира на почитување на законите.Не дозволуваме загадување на Кочани“, се вели во соопштението.