Информативен ден – обука на апликанти во рамките на INTERREG ИПА Програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија

Денеска во Мултикултурниот центар во Кочани се одржа информативен ден за аплицирање со проектни концепти во Првиот повик која се реализира од Територијалната стратегија во рамките на INTERREG ИПА Програмата за прекугранична соработка Република Северна Македонија со Република Бугарија.

Целта на денешниот настан беше да се означи официјалниот почеток на новиот програмски период во кој ќе се финансираат проекти за прекуграничен развој до 2027 година. Овој настан им помогна на сите заинтересирани апликанти да дознаат повеќе детали околу објавениот повик за аплицирање со проектни концепти и да добијат одговори на своите прашања.

Општина Кочани и претходно беше краен корисник на два претходни проекти кои исто така беа реализирани со прекугранична соработка со Република Бугарија, односно прокетот „Зелени згради за заедничка зелена иднина“, проект со кој што Општина Кочани ја подигна енергетската ефикасност на административната зграда и проектот „Нашето заедничко минато – патека за заедничка иднина“, проект со кој беше реконструирана салата на Мултикултурниот центар во Кочани.

Сподели: