Денеска во просториите на Мултикултурниот центар во Кочани, претставници од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и Локалната канцеларија во Скопје поддржана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, како и претставници од Агенцијата за млади и спорт, организираа инфо-сесија преку која се направи локално информирање за работата и тековните проекти на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO).
Во инфо-сесијата беа вклучени младите од Општина Кочани, бидејќи тие како движечка сила на едно општество, потребно е да им се создаде простор за искажување и со тоа да бидат активини на локално ниво.
Имено, Општина Кочани во наредниот период значително ќе се насочи кон интересите на младите и ќе се залага за нивните замисли и идеи. Ќе создаде услови и ќе го стимулира младинскиот активизам преку работата на Младинскиот совет, со цел младите во нашата општина да си го најдат своето место.