ИО „ Ластовица“ го одбележа Светскиот ден на извидниците

Изминатиов викенд, ИО „Ластовица“ зеде учество на централната прослава за одбележување на Светскиот ден на извидниците,која оваа година се одржа во Свети Николе.

На настанот нашиот одред го претставуваа група од 40 извидници, двајца водачи и двајца старешини. На самиот настан имаше повеќе од 500 деца и млади од над 10 градови низ Македонија.

Настанот свечено беше отворен со интонирање на државната и извидничката химна, со давање на извидничкиот завет и доделување на марами на новите извидници. Самата бројка од над 500 извидници собрани на едно место зборува за големината и движечката сила на извидниците.


Покрај свечениот дел, учесниците имаа можност да се натпреваруваат во извиднички игри, ориентација, тимски предизвици и работилници, преку кои учат за природата, одржливоста и градењето на заедницата.

Вториот настан 20.02.- 23.02.2025 година, беше одржан во Мостар под насловот „XI Брџански средби“, на кој зедоа учество претставници од извидничките сојузи од Југоисточна Европа. Делегацијата од Сојузот на извидници на Македонија беше во состав од триесет старешини од неколку градови од Македонија ,меѓу кои и тројца старешини од ИО „Ластовица “ од Кочани. Овие средби беа од големо значење за нашиот одред, бидејки се создадоа нови пријателстава и можност за нови соработки.

На самата средба беа презентирани сите активности на националните Сојузи поединечно како и нивните одреди. Македонската извидничка делегација попатно положи цвеќе на спомен обележјето на претседателот Борис Трајковски во Ротимља

ИО „Ластовица“ – Кочани

Сподели: