ИО ,,Ластовица” го прослави Меѓународниот ден на извидниците

Мисијата на извидниците продолжува ценејќи ги вистинските вредности,  а тоа се   другарството,љубовта кон природата,чувањето на животната средина и стекнување на секојдневно животно искуство.

Имено во саботата во Штип во Домот на млади во организација на Сојузот на извидници на Македонија беше организиран настан кој беше поздравен од страна на нивниот градоначалник и церемонијата започна со  интонирање  на македонската химна во изведба на   хорот ,,Астибо”.

Потоа следуваше културолошка стаза, по што сите одреди добија мапа со контролни точки и редослед на нивно минување. Нашите беа: Исар, карпа, алпенизам и креативно цртање на маици. Сите извидници уживаа во  целодневниот настан.

ИО ,,Ластовица”

Сподели: