ИО „Ластовица“ од Кочани со низа активности за време на летниот распуст

Ова лето откако малку олабавија мерките со Корона вирусот извидниците се вклучија во низа активности и поминаа прекрасни летни денови исполнети со нови познанства, предавања, игри и работилници, кои преку неформално образование и овозможија на извидниците да напредуваат физички, ментално и социјално. Имено претседтелката на ИО „Ластовица “ од Кочани Жаклина Стојчева –Јорданова  во месец јули оствари средба и договори соработка за следното лето со претседателката Амалиа Матајчич  на Извидничкиот одред – Омиш од Хрватска, каде следната година од месец јуни се до крајот на август ќе можат извидниците од Кочани да престојуваат на самото Јадранско приморје и да се стекнат со различни извиднички вештини. На истата средба извидниците од Кочани беа поканети за дружба и понатамошна соработка со Извидничкиот одред „Владимир Назор“ од Карловац.

Од 2 ри до 12 ти август извидници од Кочани во соработка со извидниците од Кичево беа на меѓународен камп “Earth – Our Beautiful Planet” YE Germany 2021, во градот Бремен во Германија од каде се вратија со големи импресии и знаења кои ке ги пренесат на своите патроли. Кампот беше реализиран преку програмата на Еразмус + и се одвиваше со активности на Северното море и на реката Везер.

Од 9ти до 15 ти август група од 30 извидници од 7 до 20 годишна возраст беа на 7 дневен камп во Извидничкиот центар во Охрид под водство на старешината Љубица Теодосиева. На кампот учествуваа повеќе од 150 извидници од цела Македонија.За некои од најмалите извидници – развигорци ова беше и прв камп каде се стекнуваа со навика за спиење во шатори, ред ,дисциплина, чување на природата и учење на солидарност со другарчињата.

Се надеваме дека сите извидници имаат незаборавни моменти и сеќавања и ако дозволи ситуацијата со ковид вирусот ќе може да се организира и зимскиот камп на планината Осогово. 

И.О „Ластовица“

Сподели: