Исчезната е 56 – годишната Јасмина Лазарова од Оризари, секоја информација е добредојдена

Полицијата и семејството трага по 56 – годишната Јасмина Лазарова од населбата Оризари во Кочани која се одалечила од својот дом во понеделникот на 10 јануари.

Јасмина, која е жена со ментални здравствени проблеми последен пат била облечена во кафеав капут и носела црна капа на главата, со проседа кратка коса и висина од околу 150 сантиметри.  Освен полицијата и семејството, по Јасмина трагаат и пожарникарите од Доброволното противпожарно – друштво  и според нивни информации лицето било забележано вчера, околу пладне на патот за селото Горни Подлог кај фабриката „Антура“.

Бидејки станува збор за лице со здравствени проблеми, од семејството на Лазарова ги молат сите граѓани доколку ја забележат или имаат информација околу нејзиното исчезнување да пријават на дежурниот телефонски број на полицијата 192 или на телефонскиот број 077-680-333.

Претходно од полицијата информираа дека „На 11.01.2022 во 09.00 часот во полициската станица Кочани, Н.С.(48) од с.Облешево, Општина Чешиново Облешево, пријавил дека од нејзиниот дом во населбата Оризари, кочанско, се оддалечила Ј.Л.(56), која имала здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“.

И. Матеничарски

Сподели: