Во Полициската станица Кочани вчера е пријавено дека на место викано „Банско“, кочанско, на брегот на реката Киселина е пронајдена почината В.А.(82) од с.Тркање.
„За жената на 06.08.2022 во Полициска станица Кочани било пријавено дека се оддалечила од домот“, информира МВР.
МВР информира дека по наредба на Јавен обвинител, телото на починатата е предадено за обдукција.
Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Кочани.