Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов свика итен состанок на Општинскиот кризен штаб за заштита и спасување и на Локалниот совет за превенција.
Единствена точка на дневниот ред е: Разгледување на состојбата со блокадата на регионалниот пат Зрновци – Пониква и на Градската депонија кај селото Бели и потенцијалните последици во однос на здравјето и безбедноста на граѓаните.
На состанокот се повикани и претставници од граѓанските здруженија што ја организираат блокадата на патот.
Состанокот ќе започне во 16 ч. во салата за состаноци во општинската зграда.