Фудбалерите од кадетскиот и младинскиот состав на ГФК „Осогово“ деновиве ги започнаа физичките подготовки во пресрет на продолжението на натпреварувачката сезона.
– Фудбалери од кадетскиот и младинскиот погон на ГФК „Осогово“ ги започнаа подготовките и ја наполнија новата сала за фитнес/теретана што беше донација од членовите на ЗГ „Никола Мантов“ и нивнитте поддржувачи. Од здружението најавауваат нови програми за поддршка на младите фудбалери кои наскоро ќе ги претстават пред кочанската јавност. Тренажниот процес е под водство на тренерскиот тандем Тoде Митев и Доминик Тенев – соопштија од ЗГ „Никола Мантов“ – Кочани.