Пред многубројната публика во Градскиот парк, вработените во објектот „Цветови“ од Детската градинка „Павлина Велјанова“ од Кочани, вчера ја прикажаа претставата за деца „Каде е Дедо Мраз?“.

Најмладата публика се радуваше на ликовите од преставата и заедно со нив пееше популарни новогодишни и божиќни песни.

До 14 јануари, Градскиот парк во Кочани е место каде што се одржува Божиќниот базар и секојдневно се случуваат културно-забавни содржини.
Општина Кочани
